/ Прочитано:

456

Објавено прашањето за доверба на Владата со известувањето на дел од пратениците-потписници

Кабинетот на претседателот на Собранието  соопштува дека е пристигнато известување со кое 17 пратеници ги повлекуваат потписите од иницијативата за доверба на Владата.

„Информираме дека до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници и истото ви го пуштаме за Ваше информирање во прилог“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Известувањето на пратениците, како и барањето за прашање на доверба на Владата може да се погледне на следниот линк: https://www.sobranie.mk/materialdetails.nspx?materialId=c164247d-7135-446a-a84d-02a413cd5683

„Нема правна држава, време е за промени“, се вели во прашањето за доверба на Владата, потпишано од 61 пратеник

Уставните и деловничките одредби за прашањето за доверба на Владата.

М.В