ОБСЕ/ОДИХР од денеска стартува со мониторингот на локалните избори

Понеделник, 25 февруари 2013 – Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, денеска и формално ја почнува набљудувачката мисија на локални избори во Македонија, што треба да се одржат на 24. март. Шефот на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс според најавите ќе предводи 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи. Тој веќе има искуство во Македонија – беше специјален пратеник на претседателството на ОБСЕ во 1999 година. Во својата кариера има учествувано во мониторинг и на изборите во Украина, Белорусија, Азербејџан, Грузија, Србија, Ерменија, Исланд и Норвешка. Набљудувачката мисија за локалните избори во Македонија ќе функционира независно од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.