/ Прочитано:

1.078

ОБСЕ/ОДИХР со помал број на набљудувачи за разлика од првиот изборен круг

Недела, 7 април 2013 – Со значително помал број монитори денеска Организација за безбедност и соработка на Европа ОБСЕ/ОДИХР го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори. Првиот круг од локалните избори ОДИХР го следеа со 220 набљудувачи.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Македонија, Герт Аренс, изјави дека добиле многу тврдења дека некои работи нема да бидат во ред и затоа проверувале дали изборите се одвиваат според нивните стандарди. Тој посочи дека во вториот изборен круг ОБСЕ нема ангажирано краткорочни набљудувачи, туку само тимот на долгорочни набљудувачи кои се наоѓаат низ целата земја, како и раководството на тимот што е значително помало во однос на бројот со кој организацијата го следеше првиот изборен круг пред две недели.

Тимот на долгорочни набљудувачи на ОБСЕ брои 18 лица, а првиот круг од локалните избори го следеа со 220 набљудувачи.