/ Прочитано:

2.299

АКАДЕМИК ПРАКТИКУМ: Семинар за управување со човечки ресурси и работно право со врвни меѓународни и домашни предавачи

АКАДЕМИК ПРАКТИКУМ во соработка со светски реномираната групација за управување со човечки ресурси „HAY GROUP“ (www.haygroup.com/ww/), нa 10 мај 2013 година во „Александар палас“ организира семинар за управување со човечки ресурси и работно право. 

АКАДЕМИК ПРАКТИКУМ Ве поканува на врвен семинар од областа на управување со човечки ресурси – како најдобрата организација на човечкиот капитал  ги поттикнува значајно добрите економски резултати.

Со почеток во 10 часот, семинарот ќе го отвори помошник директорот на  „Hay Group“ за Југоисточна Европа, Спирос Диму. Темите на кој Диму заклучно до 12 часот  ќе зборува, а присутните ќе имаат доволно време за да постават прашања, се следни:

  • концепти за градење на ефикасни организации;
  • поставување приоритети во управување со човечки ресурси, координација со деловните и комерцијалните стратегии;
  • корпоративна култура и компании ориентирани кон резултат.

По ова, следи десетминутна пауза за кафе.

Во 12.10 минути семинарот продолжува со експертизата на Ламброс Ламбру, консултант за менаџмент при „Hay Group“ за Југоисточна Европа, кој акцент ќе стави на следниве прашања:

  • структури на рангови, степени на сложеност на работни места и наградување;
  • дизајнирање на ефективни стратегии за наградување;
  • ефикасност во продажбата и системи на бонуси (варијабилно плаќање).
Учесниците чиј број е ограничен на педесет, ќе имаат доволно време за прашања и дискусија со предавачот, по што во 14.10 минути следува пауза за лесна закуска.

Со почеток во 15 часот, збор ќе земе Георги Димитров, управувачки партнер вo адвокатско друштво „Георги Димитров адвокати“.  Адвокат Димитров кој има екстензивно искуство во областа на работното право, ќе зборува за:

  • апликација на степените на сложеност и ранговите според домашното право;
  • правни концепти за варијабилно наградување  (варијабилен дел од плата);
  • правни можности за исплата на бонуси и награди.
И во овој дел кој ќе трае до 17 часот е предвидено доволно време за прашања и дискусија.
За кога е наменет семинарот: директори на човечки ресурси во компаниите и јавната управа, лица задолжени за стратегија и развој на организацијата, адвокати и адвокатски друштва, правници во компаниите, раководители на сектори за правни работи, раководители на сектори за плати, комитети за наградување на и сите оние кои сметаат дека семинарот ќе им помогне во расчистување на одредени дилеми, како и себенадградување. 

За „Hay Group“: „Hay Group“ e најистакната глобална консултантска куќа чија специјалност е развојот на таленти, организација на човечките ресурси и подготовка на најдобри развојни стратегии за достигнување на извонредност кај организациите. „Hay Group“ делува во 48 земји во светот, со 86 канцеларии и преку 2.600 вработени. Го развиле најприменуваниот метод во светот за евалуација на работните места. >> Учесниците ќе добијат сертификат за учество на семинарот. Цената на обуката за еден учесник е 5900,00 денари, без вклучен 18% ДДВ. Пријавете се до 01.05.2013 на akademik@akademik.com.mk и на телефон: 02/ 3 232 821.

Запознајте ги предавачите

Спирос Диму e помошник директорот на  „Hay Group“ за Југоисточна Европа. Неговото искуство и експертиза се на полето на организациона ефективност, водство и управување со таленти, како и создавање на резултати за клиентите. Спирос имa 17-годишно искуство во бизнисот и менаџмент консалтинг со акцент на управување со клучни клиентски односи и големи сложени проекти.

Бил лидер на неколку клиентски ангажмани на полето на организациска ефективност и ефективност на топ-менаџмент, перформансите на бизнисот и луѓето, структури за рангирање на и награди, водство и управување со таленти во Југоисточна Европа, во сите индустрии со исклучителни познавања од секторите на бакарството, енергетика, забава, медиуми и телекомуникации.

Полиња на експертиза: дешифрирање на стратегии, управување со стратегиски перформанси, организациска ефективност, управување со деловни перформанси, рангирање на работни места и мерење и рамка за кариерно планирање. Диму исто така има значително искуство во управување со односите со вработените и и преговарање за колективни договори.

Образование и членства: студирал економија и менаџмент на Лондонскиот факултет  за економија и политички науки. Исто така поседува сертификат за најдобри практики на водство од Факултетот за бизнис на Харвард, диплома по менаџмент и магистерска диплома по бизнис и администрација од Факултетот за бизнис во Кингстон. Исто така поседува А и B нивоа сертификати за тестирање на професионална ориентација.

Професионално искуство: пред да стане дел од  „Hay Group“ за Југоисточна Европа, Спирос бил менаџер за човечки ресурси во „Отенет“, водечкиот грчки провајдер на интернет услуги. Ја започнал кариерата полињата на продажба и маркетинг и обука и развој на железничкиот сектор.

Сприрос зборува англиски, грчки и италијански.

Ламброс Ламбру e консултант за менаџмент во „Hay Group“ за Југоисточна Европа. Неговото искуство и експертиза се главно на полето на награди, продажба и организациска ефективност. Ламброс советува приватни и јавни меѓународни и клучни локални компании главно на пазарите во подем. Изготвил, имплементирал и споделил бизнис решенија за голем број компании.

Ламброс е исто така дел од Комисијата за наградување на различни организации кои постојат во голем број на земји.

Полиња на експертиза: стратегии за наградување, управување со перформансите, варијабилна плата, ефективност на продажба и дизајнирање на организацијата. Фокусиран е на Јужна, Централна и Источна Европа и во последниот период водел голем број на проекти во Романија, Србија, Хрватска, Унгарија, Турција, Полска, Чешка, Србија и Грција. Ламброс исто така работел на задачи на ОАЕ, Египет и Саудиска Аарабија, како и на голем број мултинационални проекти.

 Образование и членства: дипломиран инженер од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, а поседува магистерска диплома на полето на меѓународен менаџмент од Кралскиот колеџ во Лондон. Пред да стане дел од  „Hay Group“, Ламброс бил тим лидер на тимот „Watson Wyatt Emerging Markets“ со седиште во Брисел, Белгија. Неговото претходно искуство исто така вклучува работење во банкарскиот сектор и секоторот за недвижнини во Велика Британија.

Ламброс зборува грчки, англиски и француски.

Георги Димитров има екстензивно искуство во областа на работното право, корпоративното право, правен консалтинг и финансово право на македонскиот и регионалниот пазар. Георги има особено искуство во преговори со синдикатите, создавање систем од сферата на работното законодавство, примена на законските прописи во сферата на работните односи, наградувањето и намалувањето на поголем број вработени. Со неговото активно учество, најзначајните македонски компании ги направиле клучните реформи во организацијата на својот човечки потенцијал. Има големо искуство во комплексни правни спорови поврзани со корпоративно управување.

Член е на Извршниот одбор на Здружението на правници на Македонија.

Професионално искуство: Адвокатска комора на РМ, British Business Group, Ротари клуб – Скопје.

Кариера: запишан во Адвокатска комора на РМ 1996 година. Овластен застапник за заштита на правата на индустриска сопственост. Ја основа „Георги Димитров адвокати“ во 1997 година. Главен адвокат во клиничката програма за граѓанско право на Правниот факултет „Јустинијан I“. Моментално е сопственик на една од водечките адвокатски канцеларии на локалниот регионалниот пазар со обемна листа на интернационални клиенти кои имаат портфолио на инвестиции на пазарот на Република Македонија од над еден милијарда евра.

Изданија и закони: адвокатот Димитров учествувал во созавањето на нацрт-законот за водните заедници и првиот нацрт-закон за води (2000-2002), како и во создавањето на на стратегијата за измена на Законот за општа управна постапка (2012). Објавил десетина стручни трудови во списанието „Деловно право“, а од 2012 година пишува и за правниот портал akademik.mk. Одржал над дваесeт предавања и обуки во организација на Здружението на правници од стопанството и агенцијата „Академик“.

Георги зборува англиски, грчки и руски.