/ Прочитано:

986

Обука на Судскиот совет за управување со успешноста на судовите

Според презентацијата, клучни показатели за успешноста се: времето за решавање на предметите, квалитетот на податоците и ефикасноста на трошоците.

Зоран Караџовски, претседател на Судски совет

Управување со успешноста на судовите, како и подобрување на користењето на информациските системи биле темите на обуката која се одржала во Судскиот совет. Како што наведуваат од Советот, обуката ја одржале проектниот експерт за управување со судски квантитативни стандарди Адис Хоџиќ,  експерт од Македонија и претставник од Министерството за правда.

Според презентацијата, клучни показатели за успешноста се: времето за решавање на предметите, квалитетот на податоците и ефикасноста на трошоците.

„Проектниот експерт изрази посебен интерес за користење на показателите заради точни информации и квалитет на податоците за успешноста на судот и за таа цел беа изложени табеларни прегледи во насока на нагорната и надолната линија за работата на судовите, односно линеарната регресија помеѓу судиите и бројот на решени предмети во текот на годината, како и линеарната регресија помеѓу судскиот буџет и бројот на решени предмети во текот на годината. Со примена на четири квантитативни показатели (стапка на решавање, време за решавање, рентабилност и продуктивност), кои биле применети на основни судови во тригодишен период (2013, 2014 и 2015 година),  е добиено рангирање на судовите со табеларен приказ“, се наведува во соопштението на Судскиот совет.

Во текот на презентацијата биле разгледани и можностите за натамошна соработка со користење на знаењата и алатките претставени од проектниот експерт и била закажа обука за членовите на Советот во врска со Системот за управување со успешноста во судовите, која треба да се одржи во септември/октомври 2016 година.