/ Прочитано:

805

Обука на тема: „Концептот на антидискриминацијата и имплементацијата на Законот за заштита и спречување од дискриминација“

Понеделник, 24 јуни 2013 – Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Британскиот Совет и Министерството за труд и социјална политикa, организира дводневна обука на тема: „Концептот на антидискриминацијата и имплементацијата на Законот за заштита и спречување од  дискриминација“  која ќе се одржи на 24 и 25 јуни 2013 година во хотел „Оаза“ – Штип со почеток во 10:00 часот.

Реализацијата на Проектот, како и дводневната обука која е дел од активностите предвидени во Проектот, е финансиски поддржана од Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија.

Обуката е наменета за судската администрација и стручните соработници.

Осврт на темата ќе дадат Душко Миновски, претседател на комисијата за заштита од дискриминација на РМ. Атанас Георгиевски, адвокат и советник за меѓународна соработка на Академијата за судии и јавни обвинители.