Обука преку платформата ZOOM

Овој текст објаснува како да се подготвите за учество на ОНЛАЈН обука на којашто сте поканети со линк преку е-пошта, а која може да се следи преку:
  • Zoom десктоп апликација;
  • Zoom апликација на мобилен телефон или
  • веб-прелистувач.

Апликацијата Zoom можете да ја преземете од официјалната страница на ZOOM (https://zoom.us/download) и пред започнувањето на обуката. Во спротивно, кога ќе кликнете на линкот за обуката, ќе бидете прашани дали сакате да ја преземете и да ја инсталирате апликацијата.

За подобро да се запознаете со оваа апликација пред почетокот на обуката, можете да ја тестирате преку пробен состанок (https://zoom.us/test).

Секоја обука има 9, 10 или 11-цифрен број наречен meeting ID, којшто е задолжителен и ќе го добиете при пријавување за обуката.

 

Десктоп (Windows | Mac)

  1. Отворете ја Zoom десктоп апликацијата.
  2. Придружете се на обуката на еден од овие начини:
    • Без најавување - Притиснете Join a Meeting.
    • Најавете се на апликацијата, а потоа придружете се со кликнување на Join.
  3. Внесете meeting ID од поканата за обуката и вашето име и презиме со кои сте се пријавиле за обуката.
    • Ако сте најавени, променете ги вашето име и презиме за да соодветствуваат со името и презимето со коишто сте се пријавиле на обуката.
    • Ако не сте најавени, внесете име и презиме кои соодветствуваат со името и презимето со коишто сте се пријавиле на обуката.

Апликација на Android мобилен телефон

  1. Отворете ја Zoom мобилната апликација. Ако не сте ја презеле досега, можете да го направите тоа од Google Play Store.
  2. Придружете се на обуката на еден од овие начини:
    • Притиснете Join a Meeting ако сакате да се придружите без да се најавувате.
    • Најавете се на Zoom мобилната апликација, а потоа притиснете Join.
  3. Внесете meeting ID од поканата за обуката и вашето име и презиме со кои сте се пријавиле за обуката.
    • Aко сте најавени, променете ги вашето име и презиме за да соодветствуваат со името и презимето со коишто сте се пријавиле на обуката.
    • ако не сте најавени, внесете име и презиме кои соодветствуваат со името и презимето со коишто сте се пријавиле на обуката.
  4. Притиснете Join Meeting.
   

Веб прелистувач

  1. Отворете прелистувач (Chrome, Firefox ...)
  2. Отворете го линкот https://join.zoom.us
  3. Внесете meeting ID од поканата за обуката.
  4. Кликнете Join.
    • Ќе бидете прашани дали сакате да ја преземете апликацијата.
    • На Chrome ќе се појави следното прозорче, на коешто треба да се кликне Cancel и во текстот што ќе се појави во прелистувачот да се кликне на линкот Join from your browser.
    • На Firefox се појавува следното прозорче и треба да се кликне копчето Open link.
  Поопширно за начинот на користење на платформата ZOOM на официјалната страница https://support.zoom.us/hc/en-us/articles/201362193-Joining-a-Meeting