/ Прочитано:

944

Обука за Членот 10 од ЕКЧП и искуствата од Обединетото Кралство

Четврток, 28 февруари 2013 – Во насока на успешна примена на Европската конвенција за човекови права во националното законодавство, Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство, денеска и утре, организира обука за „Членот 10 од Европската конвенција за човекови права (ЕСЧП) и искуствата од Обединетото Кралство“.

На обуката ќе учествуваат судии од сите инстанци, членови на Советот на јавните обвинители, како и претставници на релавантни институции.

Обуката има за цел да ја презентира примената на Членот 10 од ЕКЧП од страна на домашните судови како дел од процесот на хармонизација на националното закондавство со легислативата на ЕУ, при што акцентот ќе биде ставен на целите на реформите за декриминализација на кривичните дела против честа и угледот.

Меѓународната пракса за примената на Европската конвенција за човекови права на обуката ќе ја презентира врховниот судија Лордот Џонатан Манс од Обединетото Кралство, кој воедно е и судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, додека домашната судска пракса ќе ја презентираат претседателот на Врховниот суд на РМ Лидија Неделкова, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска и владиниот агент за застапување пред Европскиот суд за човекови права Костадин Богданов.