/ Прочитано:

1.980

Обуки во организација на Академик за месец април

И за месец април Академик подготви одлична понуда на атрактивни правни обуки кои ќе дадат одговор на најактуелните прашања во врска со вашето работење. Внимателно избрани и детално разработени теми, пренесени од елоквентни и докажани експерти, и овој пат се одлика на обуките на Академик.

Искористете ја можноста да добиете беспрекорна стручна поддршка и да стекнете знаења со кои на единствен начин ќе ги имплементирате правните прописи и ќе ги разрешите дилемите од секојдневното практично работење.

Распоред на обуки во месец април, 2018 година:

19 април – „Доделување договори за јавни набавки, основано издавање негативна референца, правна заштита и најважни новини предвидени во Нацрт-законот за јавните набавки“ – Маја Малахова, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

24 април„Пополнување на работни места на административни службеници со практична симулација на ИСУЧР“ – Билјана Николовска-Жагар, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација,  и Лаура Идризи, помлад соработник за оценување на вработените во Министерството за информатичко општество и администрација.

25 април – „Клучни концепти на управувањето со системите за безбедност и здравје при работа“ – Слаѓана Андоновска, раководител на Секторот за инспекциски надзор од областа на безбедноста и здравјето при работа во Државниот инспекторат за труд, и Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност при работа.

26 април – „Уредување на градежно земјиште, постапка за легализација, запишување права врз инфраструктурни објекти“ – Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, и државни советници од Агенцијата.

Цената за учество на една обука за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10 % попуст. За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465. Бројот на учесници е ограничен.