Обвинение за неколку кражби на велосипеди во Скопје

Во периодот од 23.10 до 21.11 обвинетиот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото кривично дело, искористувајќи исти прилики.

Имено, во четири одвоени кривично-правни настани, на различни локации во Скопје, обвинетиот влегувал во влезови од згради од каде крадел велосипеди. Притоа со употреба на физичка сила ги кинел сајлите со кои биле врзани велосипедите и противправно ги присвојувал.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Приведени крадци на велосипеди, МВР ги повикува оштетените граѓаните да си ги препознаат велосипедите

М.В