Обвинетата за убиството на Пино Секондо ја негира вината
Ангела Ѓорѓиевска, обвинета во случајот за убиството на Пино Секондо, денеска негираше дека е виновна за убиството. Таа изјави дека не се чувствува виновна за смртта на Секондо бидејќи не сторила ништо од тоа што е наведено во обвинението. Освен Ѓорѓиевска, за убиството на Пино е обвинет и Фуркан Али, кој е во бегство. На 15 ноември во Кривичниот суд започна судскиот процес за убиството на Пино Секондо, но на барање на одбраната судското рочиште беше одложено.
Одложено првото судско рочиште за убиството на Пино Секондо
Поднесено обвинение за убиството на Пино Секондо
М.В