/ Прочитано:

2.803

Обвинетиот за прегазувањето на Фросина Цековска не дојде на рочиштето за завршните зборови

Родителите на Фросина, кои беа присутни во судницата, бурно реагираа на отсуството на обвинетиот за кој велат дека требал да биде во притвор за да заврши побрзо постапката за смртта на нивната ќерка.

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Цековска

Судењето за сообраќајната несреќа во која загина студентката Фросина Цековска денеска беше одложено поради отсуство на обвинетиот Љубиша Видојковиќ.

Иако за денеска во судот беа закажани завршните зборови на Обвинителството и на одбраната, Видојковиќ не присуствуваше на рочиштето бидејќи, како што истакна неговиот адвокат, имал здравствени проблеми.

Родителите на Фросина, кои беа присутни во судницата, бурно реагираа на отсуството на обвинетиот за кој велат дека требал да биде во притвор за да заврши побрзо постапката за смртта на нивната ќерка.

Таткото на Фросина, неколкупати обраќајќи се кон судијата и кон обвинителката, побара да му биде определен притвор на Видојковиќ.

„Сите во изминатата година завршија во притвор, само убиецот на мојата ќерка е на слобода“, рече Љупчо Цековски.

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Цековска

Судијата Илија Трпков појасни дека притворот е мерка за обезбедување на присуство, но поради редовноста на обвинетиот, кој присуствувал на сите досегашни рочишта, и поради почитувањето на обврската за јавување во судот, нема основа засега да му биде определен притвор.

Рочиштето на кое ќе бидат изнесени завршните зборови е презакажано за 15 јули.

Видојковиќ е обвинет за кривичните дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од членот 300 во врска со членот 297 ст. 1 и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од членот 301 од Кривичниот законик.

Тој, на 3 април минатата година, на булеварот „Партизански одреди“, ја прегази Цековска, по што побегна од местото на несреќата. Видојковиќ подоцна сам се пријави во полициската станица Ѓорче Петров, каде што го призна делото.

М. С.

Возачот обвинет за смртта на студентката Фросина не застанал по ударот затоа што бил во шок