/ Прочитано:

1.461

Обвинетите од Пајажина се надеваат на укинување на првостепената пресуда – заврши јавната седница на Апелација

Понеделник, 21 јануари 2013 – Заврши јавната седница на Апелациониот суд Скопје на која се расправаше по жалбите на 23-та првостепено осудени во предметот за случајот „Пајажина“. Обвинетите и нивните бранители  ги образложија жалбите, побараа укинување на првостепената пресуда и враќање на предметот на повторно судење.  

Апелационите судии да донесат фер одлука и да ја укинат првостепената пресуда, побаара обвинетите во случајот „Пајажина“ на последниот,  трет ден од јавната седница.

Првообвинетиот Велија Рамковски кој со првостепената пресуда беше осуден на 13 години затвор  е песимист, според него дека целта на случајот Пајажина бил да се затвори А1 телевизија. Со сличен став  е и неговата ќерка, Емел Рамковска која е осудена на 6 години затвор, негираше дека сторила била какво криминално дело. 

И другите обвинети истакнаа дека пресудата ги чинела многу и се приклучија кон барањата на адвокатите да се укине првостепената пресуда.  Се очекува кон крајот на наредниот месец Апелациониот суд да се изјасни по жалбите на обвинетите.

Првостепената пресуда што беше донесена на 14 март 2012 година изгледа вака:
Обвинет  Единствена затворска казна  Парична казна
1. Велија Рамковски 13 години 5000 евра
2. Амди Рамковски  6 години 4000 евра
3. Жаклина Георгиевска  6 години 3000 евра
4. Невин Рауф  6 години 5000 евра
5. Зоран Мицевски  6 години 4000 евра
6. Емел Рамковска  6 години 5000 евра
7. Хеди Рамковски  7 години 4000 евра
8. Дарко Перушевски  5 години, 6 месеци 4000 евра
9. Ибрам Ибраими  3 години  /
10. Ѓултен Џемаили  5 години  4000 евра
11. Жарко Стојановски  3 години, 6 месеци  3000 евра
12. Неше Рамиз  7 години  /
13. Славица Маринковска  6 години  4000 евра
14. Наташа Крстановска  4 години  3000 евра
15. Слободан Пејовски  4 години  3000 евра
16. Рамадан Ибраими  7 години  3000 евра
17. Анета Кочишки  2 години, 3 месеци  3000 евра
18. Рамадан Чичек  6 години  4000 евра
19. Бранко Пишев  6 години  4000 евра
20. Александар Дамовски  2 години – условна  2000 евра
21. Јасмин Латифовиќ  ослободителна  /
22. Марјан Танчевски  ослободителна  /
23. Муамет Амди  ослободителна  /
>>Предметот целосно можете да го проследите тука.