/ Прочитано:

2.254

Обвинителен акт за предметот „Рекет“

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против три лица македонски државјани.

„Две од обвинетите лица се товарат дека сториле кривично дело ‘Примање награда за противзаконито влијание’ предвидено и казниво по член 359 став 7 во врска со став 3 во врска со став 2 во врска со член 22, a на првообвинетиот му се става на товар и кривично дело ‘Перење пари и други приноси од казниво дело’ по член 273 став 1 од Кривичниот законик. Второобвинетото лице се товари дека сторило кривично дело ‘Злоупотреба на службена положба и овластување’ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Имено, првообвинетиот во периодот од месец ноември минатата година  до месец април годинава, искористувајќи го своето претпоставено влијание врз второобвинетото лице – јавен обвинител, влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.  Тој, искористувајќи ги претходно воспоставените пријателски односи, влијаел врз второобвинетата при спроведувањето на истражна постапка во предметот со работен наслов ‘Империја’ да ја олесни положбата на сведокот кој во предметот е еден од осомничените и на кого по предлог на јавниот обвинител му било определена мерка притвор. Третообвинетиот битно придонел за извршувањето на кривичното дело со договарање на континуирани средби на првообвинетиот со сопругата на сведокот, а подоцна и со сведокот, притоа уверувајќи ги во неговото влијание врз јавниот обвинител.

Второобвинетата го прифатила влијанието на првообвинетиот и како службено лице – јавен обвинител ја искористила својата службена положба и овластување и ги пречекорила границите на своето овластување. Откако првообвинетиот заедно со  третообвинетиот ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот, и покрај тоа што постоеле неизменети околности врз кои била определена и продолжена мерката притвор, второобвинетата до Апелациониот суд – Скопје доставила предлог за определување на поблага мерка – куќен притвор, кој предлог бил прифатен од страна на судот. Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот.

Со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ, и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра. Првообвинетиот, иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја, што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело ‘Примање награда за противзаконито влијание’.

Ценејќи дека се исполнети условите предвидени во Законот за кривична постапка, со обвинителниот акт, до Основниот кривичен суд – Скопје е доставен и предлог за продолжување на изречените мерки за обвинетите“, соопштуваат од Обвинителството.

Соопштение на Кривичниот суд за куќниот притворот на Јасна Мандиќ и за мерките за претпазливост на другите лица

ЈО: Под истрага нови лица во врска со случајот „Рекет“, меѓу кои и еден функционер

Бојан Јовановски во Обвинителството

Предложено основање на Анкетна комисија за утврдување злоупотреби во работењето на СЈО

И Бојан Јовановски останува во притвор

Апелациониот суд ќе одлучува за притворот на Бојан Јовановски

Јанева останува во притвор 

Увид во доказите за случајот „Рекет“

Кривичниот суд: Определен куќен притвор за Зоран Милески

И Катица Јанева ќе врши увид во доказите

Јанева повикана во Обвинителството

JO: Завршена истражната постапка за осомничените во „Рекет“

Во Обвинителството Бојан Јовановски дава исказ за случајот „Рекет“

Нови искази во Обвинителството за случајот „Рекет“

Продолжен притворот на Катица Јанева за нови 30 дена

Обвинителството бара продолжување на притворот за Јанева

Специјалните обвинители се враќаат во матичните обвинителства, одлучи Советот на јавните обвинители

Законот за СЈО: Мандатот на јавните обвинители нема да го надмине мандатот на јавниот обвинител

Продолжува постапката за разрешувањето на Јанева

Пратеникот Кирацовски во Обвинителството за случајот „Рекет“

Извештајот за Катица Јанева пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Јавното обвинителство: Ќе го разгледаме поднесокот од Јанева

Соопштение на СЈО за полномошното од Јанева

Пратеничката Ременски во Обвинителството за случајот „Рекет“

Започна постапката за разрешување на Катица Јанева

Извештајот за Јанева доставен до Советот на јавни обвинители

Жалбата на Катица Јанева за притворот одбиена како неоснована.

Законските одредби за разрешувањето на јавниот обвинител кој раководи со СЈО

Етичкиот кодекс на јавните обвинители за односот на обвинителот со обвинетиот

Начела до кои обвинителите се должни да се придржуваат според Етичкиот кодекс

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола

Определен притвор за Јанева, Обвинителството продолжува со истрагата за случајот „Рекет“

Детали од Обвинителството за истрагата против Катица Јанева, која денеска беше приведена

Јанева не чувствува вина за „Рекет“

Катица Јанева дава исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“

Обвинителот Рустеми од СЈО ќе дава исказ во Обвинителството

ЈО: За случајот „Рекет“ во тек е финансиска истрага и прибирање на доказен материјал

По предлог на Обвинителството продолжена мерката притвор во предметот „Рекет“

Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство

Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“

Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство

Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај

Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“

ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка

Објавени нови снимки за случајот „Рекет“

Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците

Катица Јанева разрешена од функцијата

СЈО му ги предава предметите на Јавното обвинителство

Блупринт-групата: СЈО како институција треба да продолжи со работа

Соопштение на СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите на Јавното обвинителство.

СЈО: Немаме добиено писмен допис од Јавното обвинителство

Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста

ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Отворена истрага и предлог за притвор за две лица осомничени за примање награда за противзаконито влијание

Оставка на Катица Јанева

Коментари на Блупринт-групата за Предлог-законот за јавното обвинителство

Консултации за Законот за јавното обвинителство и различни ставови на експертите

Предлог-законот за јавното обвинителство на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Законот за јавното обвинителство пред Законодавно-правната комисија и пред Комисијата за европски прашања

Предлог-законот за јавното обвинителство на собраниска седница по скратена постапка

БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

Дијалог за реформите во Поглавјето 23

Граѓанските организации реагираат поради недоволната вклученост во подготовката на законските решенија

Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

Министерството за правда продолжува со консултациите со политичките партии за Законот за јавното обвинителство

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

М.В