/ Прочитано:

406

Обвинителите го разгледуваат извештајот за пожарот во тетовската болница

Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на понатамошна постапка.

„Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот“, информираат од Служба за односи со јавноста при ЈОРМ.

По пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе, во истрагата во текот на истиот месец учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија. Нивниот извештај од седум страници до ОЈО Тетово стигнал на 14 јануари, а бидејќи беше на германски јазик, досега се чекаше негов соодветен превод.

Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

JО за пожарот во тетовската болница: Прегревањето на кабел предизвикало палење

Владата прогласи тридневна жалост за несреќата во ковид центарот во Тетово

Продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетов