/ Прочитано:

1.429

Обвинителката Рускоска во врска со поведувањето обвинение за  „27 април“

Обвинителката Вилма Рускоска вели дека најдоцна до крајот на мај очекува да биде поведено обвинение за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

„Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам ги сослушав. Оваа недела тече распитот на обвинетите. Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да изврши увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок, по што ќе ја привршам истрагата“, изјави денеска Рускоска.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, вчера во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше  повикан да даде исказ за случувањата од 27 април 2017 година. Според информациите, Вељаноски побарал увид во доказите.

Поранешниот претседател на Собранието, како и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се меѓу обвинетите за „27 април“ како организатори на настаните.

Џафери: Го штитам нивото на институцијата,  не сум судија да судам

Немаше услови за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски, вели претседателот на Собранието

ВЛАДАТА: Оставката на Котевски ќе се разгледува по завршување на претседателските избори

Оставка на директорот на затворот КПУ Затвор Скопје и дисциплински постапки против повеќемина вработени

„Комисијата не зазеде став“ – целосен текст на извештајот за барањето за одобрување притвор на Трајко Вељаноски

Делегацијата на ЕУ остро го осудува инцидентот во КПУ Затвор Скопје, а премиерот ја очекува оставката од директорот

Барањето за одобрување притвор на поранешниот претседател на Собранието пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Правилник за куќен ред: „При извршување на мерката притвор се чува телесното и душевното здравје на притвореното лице“

Осуди за инцидентот во КПУ Затвор Скопје

Кривичниот суд за определувањето мерка притвор за Ристовски и Јанакиески

ЈОРМ: Под истрага организаторите на настаните во Собранието

Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

М.В