/ Прочитано:

1.794

Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство

Обвинителката Лиле Стефанова, која се споменува во објавените снимки на „Ла верита“, денеска ќе даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.

Обвинителката Стефанова  е задолжена за предметот „Империја“, во кој осомничен е и Орце Камчев. Според Стефанова, споменувањето на нејзиното име во снимките е со цел да ја дискредитира. Инаку, вчера во Јавното обвинителство исказ даде обвинителката Елизабета Јосифоска.

Во врска со случајот „Рекет“, претседателот Пендаровски побара ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата. Доколку има докази, потенцираше шефот на државата, треба да се поднесат обвиненија против сите инволвирани, без разлика дали се носители на јавни функции или не.

Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај

Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“

ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка

Објавени нови снимки за случајот „Рекет“

Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“

М.В