/ Прочитано:

1.793

Обвинителката Вјолца Елмази – в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители до именувањето на нов директор

„Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители ‘Павел Шатев’, на седницата одржана на 26.10.2018 година донесе одлука со која се определува вршител на должност директор на Академијата за судии и јавни обвинители ‘Павел Шатев’, Вјолца Елмази, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар, од редот на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители ‘Павел Шатев’, до именувањето на нов директор“, се вели во соопштението на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Управниот одбор на Академијата донесе и одлука за распишување јавен оглас за избор на директор и заменик на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители.

Во Законот за Академијата за судии и јавни обвинители се пропишува дека  директорот е раководен орган на Академијата. Директорот на Академијата се именува од Управниот одбор врз основа на јавен оглас. Директорот на Академијата ја застапува и ја претставува Академијата, се грижи за извршување на одлуките на Управниот одбор, раководи со работата на Академијата, одговара за законитоста во работењето на Академијата и врши и други работи кои се неопходни за работењето на Академијата.

M.В