/ Прочитано:

900

OБНОВЕНО: Обвинителниот акт за „Монструм“ пристигна во Кривичниот суд

Петок, 26 октомври 2012/21:20 – Обвинението за случајот „Монструм“ е поднесено до судот, а како директни извршители na петкратното убиство обвинителството посочило 5 осомничени додека несудениот заштитен сведок Хаки Хазири се обвинува за помагање на тероризам. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека има доволно цврсти докази кои ќе бидат изнесени пред надлежниот суд, а со кои ќе се докаже дека обвинетите навистина ги преземале дејствијата опишани во Обвинителниот акт кои ги исполнуваат битните елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар.  

Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Азири Фејзи и Сејди Рами се осомничените за кои обвинителството ги посочува како директни извршители на убиствата кај Смиљковското езеро, додека шестото лице Хаки Хазири е обвинето за помагање на тероризам. Со доставување на обвининието се испочитува законскиот рок според кој осомничените можат да се држат во притвор без обвинение.

Обвинителниот акт за „Монструм“ составен, до судот се уште не стигнал, ОЈО тврди дека има цврсти докази

14:00 – Во соопштението од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испратено до медиумите се вели:

„По однос на кривичниот предмет познат во јавноста под називот Монструм, а се однесува на петкратното убиство во атарот на с. Смиљковци во местото викано Смилковско езеро, и соопштуваме на јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по завршената истрага оцени дека има доволно црвсти докази кои ќе бидат изнесени пред надлежниот суд а со кои ќе се докаже дека обвинетите навистина ги преземале дејствијата опишани во Обвинителниот акт кои ги исполнуваат битните елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар

Меѓународните стандарди во областа на заштитата на сведоци и жртви, а кои стандарди се прифатени и се дел од Законот за заштита на сведоци кој се применува во Република Македонија, како и одредбите во Законот за кривична постапка, обезбедуваат инструменти преку коишто се заштитува идентитетот на заштитените сведоци и нивните семејства, се подвлекува во соопштението и се потенцира дека каква било шпекулација изнесена во јавноста по однос на заштитени сведоци остава простор за разоткривање на нивниот идентитет со што може да се загрози нивниот живот и животот на нивните најблиски. Тоа, се посочува, е во спротивност со потребата пред судот во законита постапка да се утврди материјалната вистина со што се причинува директна штета на сите учесници во кривичната постапка.

Поради шпекулациите изнесени во одредени медиуми околу наводно истечен мандат на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, меѓу кои и на јавниот обвинител Гордана Ѓешкоска, соопштуваат дека сите јавни обвинители коишто ја извршуваат својата функиција во ова јавно обвинителство имаат мандат во рамки на кои тие ја извршуваат својата секојдневна работна задача. Мандат за својата функција има и јавниот обвинител Гордана Ѓешкоска.“