/ Прочитано:

1.258

ОБВИНИТЕЛСТВО: Осум лица од Економскиот факултет осомничени за повеќе коруптивни дела

„Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс. Лицата се сомничат за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит“, велат од Обвинителство.

Основно јавно обвинителство Скопје

Во врска со вчерашната акција на Економскиот факултет во Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна оперативна обработка на податоци, прибрало докази до степен на основано сомнение за сторени кривични дела со коруптивна природа каде оштетени се студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, велат од Обвинителството.

„Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс. Лицата се сомничат за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит“, велат од Обвинителство.

Во текот на вчерашниот ден при преземените дејствија за прибирање на докази по издадената Наредба за претрес, еден од професорите е затечен инфлагранти во извршување на кривично дело – примање на поткуп од 1000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период, додаваат од Обвинителството.

Во моментот предметот е во предкривична постапка. Надлежниот јавен обвинител ја прима кривичната пријава и врши оценка за потребата за примена на мерки за обезбедување на присуство на лица и предмети во текот на постапката, по што ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука.