/ Прочитано:

1.628

ОБВИНИТЕЛСТВО: Уапсени четири лица поранешни припадници на ИСИС

Три лица, кои се уапсени утрово, се од Скопје, додека едно лице е од Тетово. Останатите тројца осомничени се недостапни за органите на прогонот.

Табла, Основно јавно обвинителство Скопје

Во акција спроведена во Скопје и Тетово уапсени се четири лица, а се трага по тројца осомничени дека се поранешни припадници на ИСИС, информираат од Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување на истрага за седум лица – припадници на ИСИС. На осомничените им се става на товар кривичното дело – терористичка организација по чл.394-а ст.2 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Три лица, кои се уапсени утрово, се од Скопје, додека едно лице е од Тетово. Останатите тројца осомничени се недостапни за органите на прогонот.

Обвинителството до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставило предлог за определување на мерка притвор за осомничените.