Обвинителството апелира да се почитува пресумпцијата на невиност за возачот на автобусот
Основното јавно обвинителство ги презема сите потребни мерки за разјаснување на причините поради кои дојде до сообраќајната незгода кај Ласкарци, изјави денес обвинителот Љубомир Јовески.
Јовески потврди дека Обвинителството има сознанија за закани по животот и за следење на возачот на автобусот. Тој апелираше да се почитува пресумпцијата на невиност сè додека не се утврдат вистинските причини за несреќата и евентуалниот виновник.
„Во моментов се вршат вештачења во делот на тој предмет, се испитуваат и сведоци во делот на незгодата и причините, и евентуалната кривична одговорност на сторителот или сторителите. Обвинителството сè уште нема докази кој ја има одговорноста во врска со конкретната несреќа и не може конкретно да ја посочи вината кон одредени лица“, рече Јовески.
Републичкиот јавен обвинител додаде дека дел од материјалите се обезбедени од превозникот, а возачот бил сослушан.
Повеќе надлежни институции на состанок во Обвинителството за автобуската несреќа
Денови на жалост за граѓаните кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа
М.В