Обвинителството бара смртна казна за „Џокерот од Колорадо“

Вторник, 2 април 2013 – Обвинителство на сојузната држава Колорадо соопшти дека ќе бара смртна казна за Џејмс Холмс познат како „Џокерот од Колорадо“ кој е обвинет за убиство на 12 луѓе во кино салата додека течеше премиерата на филмот „Бетмен“, во јули 2012 година. Пред да се донесе одлуката, во канцеларијата на обвинителството како што и најавија, се сослушале околу 800-тини сведоци на масакрот и семејствата на жртвите. 

Пред неколку дена, одбраната на Џејмс Холмс се изјасни дека тој ќе ја признае вината за да ја избегне смртната казна. Обвинителството претходно ги сослушало очевидците на масакрот и семејствата на жртвите, официјално се изјасни дека бара смртна казна, а не доживотен затвор за обвинетиот. 

Холмс е обвинет за убиството на 12 лица и за ранување на уште 70 на полноќната премиерна проекција на најновото продолжение на стрип јунакот Бетмен „Рицарот на темнината“ во Аурора, во државата Колорадо, на 20-ти јули минатата година. Поранешниот студент на Универзитетот Колорадо е обвинет Џејмс Холмс е обвинет по 166 точки од обвинението за   за повеќекратно убиство и обиди за убиство.

Доколку Холмс заработи смртна казна, тој ќе стане четвртиот по ред обвинет кој е осуден на смрт во сојузната американска држава Колорадо. Досега во оваа земја се изречени 3 смртни пресуди, но ниту една не е извршена.