/ Прочитано:

3.068

Обвинителството: Брзината на возење и неисправноста на сопирачките причини за автобуската несреќа кај Ласкарци

Републичкото јавно обвинителство поведе истражна постапка за повеќе лица во врска со сообраќајната несреќа што се случи кај Ласкарци, во која загинаа 15 граѓани. Според Обвинителството, возачот на автобусот возел со недозволена брзина од 99 километри на час, иако смеел да се движи со максимална брзина од 80 километри на час. Но, брзината не била единствената причина за несреќата затоа што автобусот имал и технички проблеми со сопирачките, па возачот не можел да го запре возилото.

Според информациите, во врска со сообраќајната несреќа кај Ласкарци под истрага се седум лица, меѓу кои возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо турс“.  Шест лица се осомничени за „тешки дела против безбедноста и луѓето во имотот и сообраќајот“, додека седмото лице е обвинето за „несовесно работење во службата“. Републичкото јавно обвинителство за осомничените, меѓу кои возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо турс“,  бара определување и на мерка притвор.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари оваа година. Во несреќата животите ги загубија 15 граѓани, а близу 40 беа хоспитализирани. Владата ги прогласи 14 и 15 февруари за денови на жалост. Сочувство за несреќата изразија и владите на соседните земји. За големата трагедија известува и регионални и светски медиуми.

Обвинителството апелира да се почитува пресумпцијата на невиност за возачот на автобусот

Македонското здружение за заштита при работа за законските можности на повредените вработени во автобуската несреќа

Повеќе надлежни институции на состанок во Обвинителството за автобуската несреќа

ЈОРМ: Во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, ќе се утврдува дали користел мобилен телефон

Денови на жалост за граѓаните кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа

М.В