Обвинителството нема да ја гони Рангелова за насилствата пред Општина Центар
Јавното обвинителството се откажа од гонење на поранешната пратеничка Даниела Рангелова, како и на Милан Андоновски и Борче Богдановски, за предметот „Насилства пред Oпштина Центар“. Откажувањето од гонење денеска го изјави и го истакна обвинителката Фатиме Фетаи.
Според обвинителката, од изнесените докази не се покажала инволвираност на Рангелова во случајот. За другите обвинети, додаде Фетаи, се покажа инволвираност.
Во предметот „Насилства пред Општина Центар“, меѓу другите, обвинети се и поранешниот премиер и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. За нив обвинителката Фетаи побара најстроги казни.