/ Прочитано:

618

Обвинителството: Побарано е надлежните органи во САД да преземат дејствија во врска со Ел Чека

„Основното јавно обвинителство Скопје за натамошно постапување  во согласност со член 26 став 7 и член 40 став 2 од Законот за кривичната постапка, ја достави до Основното јавно обвинителство Кичево кривичната пријава против едно лице за сторени кривични дела – Неовластено прислушување и тонско снимање од член 151 став 2 во врска со став 1 и за кривично дело – Неовластено снимање од член 152 став 1 од Кривичниот законик.

Содржината на кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика се однесува на едно лице кое е со адреса на живеење во кичевското село Турин,  но дека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД каде што преку неговиот фејсбук-профил Ел Чека неовластено објавува снимани материјали.

По проучување на наводите во кривичната  пријава, констатирано е дека стварно и месно надлежно за постапување е Основното јавно обвинителство Кичево, поради што пријавата е проследена во ова обвинителство.

Во меѓувреме, а имајќи ја предвид итноста за заштита на правата на оштетените, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава, изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување на потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Воедно, обвинителството побара од надлежните органи во САД да преземат законски дејствија во насока спречување на натамошно објавување на сниманите материјали“, се вели во соопштението на Обвинителството.

М.В