/ Прочитано:

1.444

Обвинителството презема дејствија за расветлување на незаконска приватизација на земјиште

Поради постоење основи на сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина.

„На приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на законот. Како резултат на оваа постапка, извршени се легализација на објектите и приватизација на земјиштето. Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро/м2, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока. За повеќе детали во врска со текот на постапката, Основното јавно обвинителство Скопје навремено ќе ја информира јавноста“, се вели во соопштението на ЈОРМ.

М.В