/Прочитано:

618

Обвинителството со дополнителни дежурства за евентуални нерегуларности во текот на референдумот

Јавното обвинителство на РМ формираше Комисија која ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот. За претседател на Комисијата е определен Џељаљ Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија. Во привремената Комисија членува по еден јавен обвинител од четирите виши јавни обвинителства.

Kомисијата има задача на дневна основа да ги следи сите настани поврзани со процесот на организирањето и спроведувањето на референдумот. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за извршени нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство.

Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да ги преземат сите  дејствија за утврдување на сите релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

Целта на Јавното обвинителство на Република Македонија е на овој начин да се потенцира борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето и да се даде поголем придонес кон нивно сузбивање и превенирање.

„Дадени се задолженија на денот на гласањето покрај редовните да има и дополнителни дежурства со цел навремено дејствување ако има евентуални кривични дела“, вели обвинителот Џељаљ Бајрами.

Тој посочи дека е воспоставена комуникација со сите обвинителства и со припадниците на МВР, кои ќе бидат на терен и ако има некое кривично дело, да ги известат за да можат да дејствуваат и навремено да собираат докази.

Целта на ЈОРМ е на овој начин да се потенцира борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето и да се даде поголем придонес кон нивно сузбивање и превенирање.

Во таа насока, Јавното обвинителство на Република Македонија, преку привремената Комисија за следење на евентуални противправности,  ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на референдумот, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса: referendum@jorm.gov.mk.

„Засега атмосферата е мирна. Се надеваме дека, како што привршува кампањата, во ваква атмосфера ќе се спроведе и референдумот. До Обвинителството досега има една пријава поднесена од политичка партија, која е проследена до ЈО Куманово. Пријавата е за кривично дело поткуп при избори“, истакнува Бајрами.

Соопштение на ДИК: Изборните органи да работат професионално, а набљудувачите да се придржуваат до Кодексот

Почнува гласањето на референдумот: Гласаат членовите на ИО во дипломатско-конзуларните претставништва

ДИК објави табела на акредитирани набљудувачи за претстојниот референдум

Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности околу референдумот

ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум

Подносителите на иницијативата за оспорување на Одлуката за референдум: Срамен ден за владеењето на правото

За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна

Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција 

М.В