Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека не е време за напади на институциите и дека нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите.
Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека му дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото.
ЈОРСМ ја уверува јавноста дека за посочениот предмет се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот. ЈОРСМ уште еднаш потенцира дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите.
Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство
Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај
Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“
ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка
Објавени нови снимки за случајот „Рекет“
Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“
М.В