16 мај, 2012 09:34
paula
/ Прочитано:
Обвинителството во Хаг: Раката на Младиќ во сите злосторства, од Сараево до Сребреница
Среда, 16 мај 2012 – Во хашкиот трибунал почна сослушувањето на поранешниот командант на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ. Обвинет е за воени злосторства, геноцид и прогонства на мислимани и хрвати за време на граѓанската војна 1992-1995 година на територијата на Босна. Судењето почна со исказот на обвинителството, пренесува Радио телевизија Србија. Обвинителот Дермот Грум рече дека воените сили на Младиќ употребиле прекумерна сила со што извршиле насилство врз илјадници граѓани на Босна, само затоа што не биле од српска националност.
Teк на рочиштето
Обвинителството: Ратко Младиќ правел етничко чистење на Босна
Според обвинителството намерата на Младиќ била што поголем број босанци и хрвати трајно да се отстранат од територијата на Босна. Оваа намера во некои места достигнала ниво на геноцид.
- Убиство и прогонство на илјадници муслимани ширум земјата во 1992 година
- Масакрот кај Сребреница 1995 година
- Стрелањето на 6 момчиња во Трново, Сребреница,
- Артелирискиот напад на Сараево, пазарот Маркале во август 1995 година.
Ратко Младиќ имал за цел Босанските срби да живеат на етнички чиста територија. Оваа цел не можела да се исполни доколку немало етничко чистење со употреба на воена сила. Обвинителот како доказ за целта на Младиќ ја цитираше неговата изјава дадена во собранието на Република Српска на 12 мај 1992 година, кога е избран за командант на војската на РС. Тој рекол: – Луѓето и народите не се монети, ниту клучеви, па да се преместуваат туку така од џеб во џеб.
Обвинител оценил дека овие зборови јасно ја покажуваат целта и свесноста на Младиќ дека мора да се отстранат цели етничките заедници од територијата на Босна.
Младиќ станал командант на Босанските срби со амин од претседателот Радован Караџиќ и претседателот на собранието Момчило Краишник. Обвинителот појаснил како собранието условило документ со 6 стратешки цели, а меѓу првите била поделбата на Србите од Хрватите и Босанците.
Поранешниот командант тивко го слушал излагањето на обвинителот и од време на време запишувал нешто.
Во обвинението има 11 точки
Во 11 точки генералот Младиќ се обвинува за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување. Во една точка е обвинет за геноцидот во Сребреница, а во друга за геноцид во 7 босански општини како што се: Братунац, Фоча, Kључ, Приедор, Сански Мост, Власеници и Зворник.
Во 9 точки се обвинува за прогон, истребување, убиство, депортација, присилен трансфер, терор, незаконски напади на цивили и земање на заложници.
Во моментов сеуште трае излагањето на обвинителството. Се предвидува да трае наредни 6 часа. Пред половина час преку проѕирното стакло прво следуваше негодување, потоа Младиќ со раката им се закануваше на семејствата на жртвите од војната кои го следат судењето во Хаг, судијата ги опомени двете страни, пренесува српскиот медиум B92.
Обвинител детално објасни за сите седум општини во Босна, влијанието на Младиќ врз злосторствата, мачењето на воените заробеници во камповите низ Босна. Сите овие кампови служеле за етничко чистење на територијата на Босна, од сите заедници што не се со српска националност. Затворениците биле тепани, некои од нив до смрт. Обвинителот како доказ посочи видео од камповите. Преку снимките се гледаат условите како се третирани заложниците. Тепани, изгладувани, затворени во простории без вода на многу високи температури.
Обвинителот покажа мапа каде се наоѓале логорите кадешто се затварени муслимани и хрвати. Детално го објасни целиот систем на логорите, и состојбата на заложниците од 1992 до 1995 година.
Судењето заврши, продожува утре во 09:00 часот. Веднаш по завршувањето роднините на загинатите во Сребреница пред новинарите изреволтирано прераскажале што се случило внатре во судницата.
Претседателката на здружението „Мајки од Сребреница“ за турската новинска агенција Анадолија изјавила дека Младиќ откако ќе се кренеле завесите неколку пати и го покажал средниот прст, со раката гестикулирал колење. Претставници од здружението и роднини на загинатите во војната од посебна просторија го следат судењето. Тие изразиле револт поради однесувањето на Младиќ и според нив тој е крвник кој во ниту еден момент не покажал каење.