Обвинителството во Измир ги ослободи твитерџиите кои беа осомничени за поттикнување на немирите

Четврток, 6 јуни 2013 – Обвинителството во Измир донесе одлука за ослободување на 33, од вкупно 34 демонстранти, кои беа приведени поради сомнение дека извршиле кривично дело повикување на незаконско дејствување и поттикнување на немири преку социјалните мрежи. Светските медиуми вчера пишуваа за приведените твитерџии и блогери кои оставајќи пораки на интернет, според полицијата, вршеле влијание за да се зголеми бројноста на протестите. 

Приведените демонстрантите се ослободени, откако им биле земени изјави и биле подложени на лекарски преглед. Полицијата, сепак, се’ уште трага по четири лица, осомничени за поттикнување на немири преку социјалните мрежи. 

Од петокот наваму, масовни протести се одржуваат во  повеќе градови низ Турција.