/ Прочитано:

3.344

Обврска за фирмите – Месечен даночен биланс

Месечните аконтации на данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец „ДБ”) се утврдуваат во износ од една дванаесеттина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината, односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.

ujp1_620_350.jpg

Управата за јавни приходи известува дека фирмите имаат обврска да платат месечна аконтација на данокот на добивка доколку не се правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на казнено-поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона.

Исто така, правните лица што остваруваат добивка од вршење дејност, вклучително и обврзниците со посебен даночен статус – заштитните друштва, стопанските единици во рамките на установите за извршување на санкции и казнено-поправните установи, како и корисниците на технолошко-индустриските и развојни зони, немаат обврска да доставуваат образец „МДБ” за месечни пресметки на аконтациите на данокот на добивка за утврдувањето и плаќањето на месечните аконтации за февруари – декември 2015 година и јануари 2016 година.

Месечните аконтации на данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец „ДБ”) се утврдуваат во износ од една дванаесеттина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината, односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.

Месечните аконтации се плаќаат во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец.