/ Прочитано:

3.759

Од 1 август пониски цени за парното греење во Скопје

Потрошувачите од Скопје, кои се снабдуваат со топлинска енергија од Балкан енерџи груп (БЕГ), од утре во просек ќе плаќаат за 2,75 отсто пониска цена за парно греење.

Регулаторната комисија за енергетика на подготвителна седница посочи дека од утре, односно од 1 август, тарифата за топлинска енергија за домаќинствата и образовните инеституции ќе изнесува 1,8498 денари по киловат-час, што претставува намалување од 3,88 отсто, додека кај останатите потрошувачи тарифата ќе изнесува 2,5898 денари за киловат-час и ќе има исто намалување од 3,88 отсто во споредба со досегашната цена.

Со предлог-одлуката за 0,18 отсто се намалува и тарифата за ангажирана топлинска моќност. Кај домаќинства и образовните институции ќе изнесува 1.091,1181 денари по киловат годишно, а кај останатите потрошувачи 1.426,7653 денари по киловат годишно.

Кај „ЕЛЕМ енергетика“ просечното намалување на цената на топлиснката енергија ќе изнесува 0,11 отсто.  Тарифата за топлинска енергија за домаќинствата ќе изнесува 1,7633 денари по киловат-час, за образовните институции 2,2923, а за останатите потрошувачи 2,9976 денари по киловат-час. Тарифата, пак, за ангажирана моќност кај домаќинствата ќе биде 1.106,6306 денари по киловат годишно, за образовните институции 1.438,6198, а кај останатите потрошувачи 1.881,272 денари по киловат годишно. За домаќинствата кои плаќаат надомест по квадратен метар, грејна површина новата цена ќе изнесува 35,01 денари по квадратен метар.

Кај Скопје Север во просек намалувањето на цената на парното греење ќе биде 1,69 отсто. Тарифата за топлиска енергија за домаќинствата ќе изнесува 2,2148 денари по киловат-час, а за останатите потрошувачи 4,2196 по киловат час. Тарифата, пак, за ангажирана моќност кај домаќинствата ќе изнесува 1.001,6049 денари по киловат годишно, а за останатите потрошувачи 1.908,2577 денари по киловат годишно.