/ Прочитано:

1.087

Од 1 јули се ограничува пловидбата на пловни објекти на езерата

Четврток, 6 јуни 2013 – Oд 1 јули се ограничува пловидбата на чамци и скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

Целта на  ваквата владина одлука е  заштита на животната средина, поголема безбедност во пловидбата и на капачите, како и намалување на рибокрадството.  Ограничувањето на пловидбата  се однесува на целата површина на  трите езера. 

За скутерите органичувањето е  за  периодот од 1 јули до 31 август во времетраење од 11 до 19 часот секој ден. Ограничувањето за чамци  е за перидот од  1 јули до 31 август  од  21 часот  до 5 часот  наутро секој ден. Од 1 септември  – 31 октомври  од 19  часот до 6 часот секој ден. Од  1 ноември – 31 март од 17 до 6 часот . Од  1 април до 30 јуни од 19 до 6. 

Во наведениот период, Капетанијата на пристаништата во соработка со  Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи, при што доколку се констатира прекршок, прекршителите на оваа Одлука ќе бидат соодветно санкционирани.

Министерството за транспорт и врски апелира до сите граѓани да ја почитуваат одлуката со што ќе се придонесе за поголема безбедност, заштита на животната средина и подобар престој на туристите кои летуваат покрај езерата во Република Македонија.

„Одлука за ограничување на пловидбата за пловни објекти – скутери, која беше донесувана и за претходните години, почнувајќи од 2009 година и искуството, покажува дека ваквото ограничување е оправдано во поглед на остварувањето безбедност во пловидбата со што и бројот на пловидбените незгоди е значително намален“, наведуваат од Министерството.