/ Прочитано:

892

Од 2500 адвокати во Њу Делхи, ниту еден не сака да ги брани во судница силувачите

Среда, 2 јануари 2о12 – Петмина од шестмината брутални силувачи на 23 годишната студентка во Индија, утре влегуваат во судница. Случајот за бруталното групно силување  што се случи во автобус на 16 декември 2012 година ја шокираше јавноста и предизвика бран од насилства и протести во целата земја. По неколку дена случајот доби продолжение, полицијата информираше дека откако ја силувале, ја фрлиле од автобусот и се обиделе да ја прегазат. Од 2500 адвокати во Њу Делхи, ниту еден во судница не сака да ги брани силувачите.

Сите претстапници имаат право на одбрана, но изгледа силувачите од Индија тешко ќе дојдат до адвокат кој треба да ја спреми нивната одбрана во случајот со брутално силуваната 23 годишна студентка, која неколку дена по групното силување , почина на една од индиските клиники. Ниту еден адвокат не сака да ги застапува извршителите на силувањето во судскиот процес што утре почнува во судот во Њу Делхи, соопштиле од тамошното адвокатското здружение.

-„Решивме дека ниту еден адвокат нема да ги застапува обвинети за силувањето бидејќи би било неморално да се бранат во постапката“, изјавил Санџеј Кумар, адвокат и член на Советот на адвокати на Окружниот суд.

Кумар потврдил дека ниту еден од регистрираните 2.500 адвокати не изразил желба да припрема одбрана за судскиот процес. Оттука на обвинетите најверојатно судот ќе им додели адвокати по службена должност.

Несреќната студентка со своето момче се возеле во автобус откако биле на кино. Шестмина со метална шипка прво го претепале момчето, а потоа брутално ја силувале и тепале студентката по медицина. На крај телото го фрлиле и се обиделе да ја прегазат со автобусот, но нејзиното момче успеало телото да го извади од под автобуските гуми. Девојката по неколку дневна борба за живот, подлегнала на повредите. Еден од силувачите е малолетник, па затоа е издвоен од постапката и нему ќе му се судо во судот за малолетници. 

Населението во Индија се крена на нозе по информациите за насилството и смртта на силуваната девојка. Жените, студентите, експертите бараа поголема заштита од индиската полиција, а за уапсените силувачи бараат од судот смртна казна или 30 годишен затвор како и кастрација.