/ Прочитано:

766

Од 45 дена на 15 — претставниците на градежните компании ќе се запознаат со софтверот за електронско издавање на одобренија за градба

Петок, 26 април 2013 – Претставниците на градежните компании, на општините и на јавните претпријатија, како и на државните органи  денеска ќе се запознаат со софтверското решение за електронско издавање на одобренија за градба  кое ќе им биде презентирано од Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски. Целта на електронското издавање на дозволите за градба кое ќе биде задолжително за сите општини од 1 јуни е скратување на времeто на чекање за реализација на постапката од 45 дена на 15.

Во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот во наредниот период ќе реализираат низа обуки за општинската администрација, со цел адекватна примена на овој софтвер.

Овие активности се реализираат со цел обезбедување целосна подготвеност на институциите, кои од 1 јуни годинава треба да започнат со примена на законската обврска, утврдена во Законот за градба, целокупната постапката за издавање одобрение за градење, за сите категории на градби, да се извршува по електронски пат. 

ЗЕЛС во соработка со Министерството за транспорт и врски, веќе ја обезбеди потребната софтверска апликација, која е поврзана и со СМС систем, преку кој граѓанинот – инвеститор, кој поднел барање за градба, може да ја избере опцијата, и со СМС порака да биде информиран во која фаза од постапката се наоѓа неговиот предмет.

>> Извршниот директор на ЗЕЛС, Душица Перишиќ: Електронскиот начин е вистинскиот за проблемите со чекање на шалтери да станат минато