/ Прочитано:

1.937

Од денеска лицата во социјален ризик можат да поднесуваат барања во центрите за социјална работа

Од денеска сите лица кои се во социјален ризик можат да се пријавуваат во надлежните центри за социјална работа и да поднесат барања за новите надоместоци предвидени со социјалната реформа.

„Ги повикуваме тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчлените семејства со приходи до 15.000 денари од среда да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи за да може да ги добијат надоместоците со исплатата во текот на идниот месец.

Истовремено, во центрите барање за остварување на овие права треба да поднесат и досегашните корисници на социјална помош.

За поправедна распределба на додатоците со реформата се трансформира и родителскиот додаток за трето дете. Се воведуваат еднократни додатоци за прво и второ дете, а месечниот надоместок за трето дете се условува со материјален цензус на домаќинството. Примената на материјалниот цензус за додатокот за трето дете почнува по десет месеци од стапувањето на законот на сила. Сите што ќе се пријават во овие десет месеци за додатокот правото ќе го остварат без цензусот. Исто така, надоместокот за трето дете не се укинува за оние коишто веќе се стекнале со него и тие ќе продолжат да го добиваат до навршување на 10 години на детето. За остварување на овие права, исто така, е потребно семејствата да се пријават во центрите за социјални работи.

За повеќе информации во врска со поднесувањето на барањата и остварувањето на новите права предвидени со законите за социјална и детска заштита и за социјална сигурност на стари лица, контактирајте со месно надлежните центри“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика“, велат од МТСП.

МТСП: Од среда аплицирајте за детски и образовен додаток

М.В