/ Прочитано:

1.183

Од годинава сите царински декларации ќе се поднесуваат електронски

Годинава сите царински декларации и акцизни документи ќе се обработуваат електронски. Ова беше истакнато денеска при посетата на министерот за финансии, Драган Тевдовски, на Царинската управа. Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот-проект царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.

„На овој начин, за фирмите значително се скратуваат трошоците и се намалува времето. Сите документи ќе се поднесуваат електронски. Нашата цел е да се автоматизираат процесите и со тоа да им се понудат подобри услуги и на граѓаните и на компаниите“, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе овозможи и размена на податоците со другите институции, како на пример со Управата за јавни приходи при поднесување на ДДВ-пријави кон кои се поднесуваат царински декларации, или со Заводот за статистика и со Народната банка за податоци за увоз и извоз.

М.В