Од идеја до традиција: КОНФЕРЕНЦИЈА „УПРАВУВАЊЕ СО ПРАВНИ РИЗИЦИ“ – на 21 и 22 октомври Скопје повторно ќе биде центар на светската правна мисла и современо право!

Среда, 2 јули 2014 – Кога некоја вредност преминува во традиција, тоа значи дека идејата не само што ја реализирала и постигнала својата цел, туку поставила нови стандарди на квалитет кои веќе постануваат креативна должност која најдобро се манифестира преку максимата – Да се дознае повеќе, да се научи похрабро, да се дебатира поискрено!

И токму од тие причини, со искрен ентузијазам кој мотивира за многу повисоки цели и едукативни дострели, АКАДЕМИК Конференцијата за правни ризици како препознатлив бренд на новите правни трендови и иднината на современото право, ја продолжува традицијата на интегрирање на светската правна мисла на едно место, од кое блескаво ќе се шири космополитскиот дух, меѓусебната соработка, спојот на идеи и новите професионални контакти.

Доследни на идејата Скопје секоја година да биде центар на правото во регионот и Јужна Европа каде што ќе се соберат најеминентитните правници, а мотивирани од минатогодишната конференција во Скопје, со особено задоволство Ви ја најавуваме новата Skopje Legal Risk Management Conference 2014, која ќе се одржи во Хотел Александар Палас на 21 и 22.октомври 2014 година.

Серијата регионални конференции на тема „Управување со правни ризици“ е воспоставена во време кога правните ризици стануваат професионален императив на секој правник, бидејќи се во нераскинлива врска со современиот начин на функционирање на организациите кој што имплицира динамично работење, но секогаш со должно професионално внимание.Воедно, правните ризици се нераскинлив дел од основните правни начела на правото на Европската унија, а тоа е правната предвидливост како суштинска вредност на правната држава и оттука цениме дека оваа конференција е чин преку кој македонските правници и правниците од регионот споделувајќи ги своите искуства, директно придонесуваат во развојот и воспоставувањето на правната држава со сите нејзини атрибути.

При организирањето на првата Конференција во Скопје, учесниците на Конференцијата континуирано посочуваа дека токму ваков конференциски концепт треба да биде нова традиција, која треба да се дисперзира и во пошироки регионални рамки, за да конечно и низ таа почетна искра на позитивна промена на тековите на правната мисла, Балканот да биде егземплар за креативност која ги надминува глобалните граници кои ќе побудат и понудат нови можности, хоризонти и перцепции за актуелните правни тематики, но и нови интерперсонални релации помеѓу правниците, адвокатите, судиите, економистите, бизнисмените, инвеститорите, службениците, професорите, студентите и на сите оние кои сакаат да ги ползуваат бенефитите од настан со ваква важност .

Во правото професионалниот збор значи облигативност и должност и тој, како што велат правниците, мора „bona fide“ да се практикува и инкорпорира во социо-деловното суштествување. Тргнувајќи од тие принципи на професионалност, АКАДЕМИК на задоволство на своите ценети соработници и учесници на Конференциите , не само што ги почитуваше нивните желби, барања и препораки, туку ги претвори и во една нова динамика кој предизвикува во мотивациона смисла, за што најдобро говорат и искуствата од досегашните Конференции, а и искуствата на Конференцијата во Белград кои докажаа дека потенцијалот на Конференцијата ги надминува границите во географска и креативна смисла, со што паралелно навестија и посериозни амбиции. Тие амбиции, имено, беа препознаени и отпоздравени со огромен аплауз од публиката, бидејќи, како што рекоа учесниците, дадена е нова светлина на правото. Таа светлина повторно се враќа во Скопје, со нов, засилен сјај, но сега суптилнно навестувајќи ги и идните амбиции, подалеку кон Босфорот, преточена низ една нова оска на современото право и поврзување: Скопје-Белград-Истанбул.

Скопје и Белград, градовите во кои беше организиран најважниот регионален правен настан, навистина ја имаа таа можност да бидат дел од она што е суштинска иницијација и идеен постулат на Конференцијата за управување со правни ризици – Да се постигне поинаква, поинспиративна и поинтеарактивна реалност на правниот збор, кој искажан од носителите на врвните портфолија ќе остави ненадминлив белег не само во правото, туку и во општеството.

Професионалните биографии, квалитетот и посветеноста на предавачите, посебно нивните референци низ градењето на кариерата и инклузијата во глобалниот правен свет, потоа одлично конципираната програма и заинтересираноста на учесниците од регионот за овој настан, ја сместуваат оваа Конференција како настан со најзначен и ексклузивен импакт фактор на правото во регионот. Тоа е сериозен влог во современото право, кој не може да не се валоризира, туку напротив – претставува крунисување на она што толку време му беше потребно на овие простори – социолошки, културолошки и правно-економски.

Следствено на тоа, и оваа година, својствено за АКАДЕМИК Конференцијата за управување со правни ризици, низ одлична програма и организација, иновативност и единствен момент на задоволство, на Конференцијата ќе говорат и ќе ги споделат своите знаења предавачи без чии имиња не може да се замисли современата правна мисла, практика и едукација.

Почитувани, имаме чест и задоволство да ви ги претставиме:

Реномираниот и еден од најпознатите адвокати на просторите на поранешна Југославија – адвокатот Тома Фила од Белград на конференцијата ќе зборува за специфичностите на постапките пред специјалните судови или одделенија.Во јавноста станал познат како адвокат на луѓе обвинети за најтешки кривични дела, меѓу кои се и голем број луѓе обвинети за дела за кои следувала најстрога казна; бранел десет такви клиенти, а извршена е само една пресуда. Исто така, бил правен застапник и на многу политичари и други јавни личности од просторите на поранешна Југославија, меѓу кои: Јованка Броз, Слободан Милошевиќ, Жарко Лаушевиќ, еден период го застапувал и Горан Хаџиќ, итн.

Најуспешниот хрватски стечаен управник, Дарко Шкет, ќе зборува за своите 25 реорганизирани претпријатија и патот од стечаен управник до успешен менаџер.Имено, главен печат во неговата кариера е 16-годишното искуство како стечаен управител во 15 компании (меѓу кои се: „Крижевчанка“ А.Д., „Кромакс“ А.Д., „Иваниќпласт“ Д.О.О., „Метафлекс“ Д.О.О., „БИЛО“ А.Д., „Извор“ А.Д., „Жељезара Сисак“, и др.), водејќи големи и комплексни стечајни постапки, од кои само 3 стечајни постапки завршиле со ликвидација на компаниите. Токму поради тоа, Дарко Шкет е исклучително почитуван како во Хрватска, така и во регионот и пошироко, како еклатантен пример на следбеник и практичар на кризниот менаџмент

Magnus Steen, поранешниот главен правник на Сони во Шведска ќе зборува за извонредноста на договорите. Магнус е адвокат кој што има екстензивно меѓународно правно и бизнис искуство, а денес како генерален менаџер на компанија Contract Business Intelligence Nordic AB е фокусиран на градење на рационални и квалитетни решенија на договори за корпоративни клиенти. Во богатата професионална биографија се издвојува неговото 8-годишно искуство како директор на правната служба во Sony Ericson каде што го менаџирал правното работење и сите правни аспекти на планирањето и развојот на продуктите – од изворите за производство, развој на производи, компоненти, услуги до лиценцирање.

Главната акционерка на Prva Group од Словенија, Аленка Жнидаршиќ Крањц ќе говори за нејзината улога на пазарот на пензиските фондови во земјите од регионот. Аленка Жнидаршиќ Крањц во словенечкиот деловен круг важи за најуспешна жена, менаџер и претприемач. На јавноста ѝ станала позната откако станала член на управата на мариборскиот „KBM Infond”, a нешто подоцна станува и ко-основач на компанијата „Деј“. Аленка Жнидаршиќ Крањц била претседател на Надзорен одбор во „Лука Копер“ А.Д. Потоа, станува дел првото друштво за доброволно пензиско осигурување „Прво покојнинско дружбо“ кое набргу се отпочнува да работи и надвор од Словенија, проширувајќи се меѓународно. Денес, Аленка е извршен директор на „Прива осебна заворавалница“ А.Д, претседател на Управен одбор на „Скупина Прва, заваровалниски холдинг“ А.Д. и претседател на Надзорен одбор на „Деос“ А.Д.

Познатата американска блогерка на престижниот „Legal Solutions Blog“ во сопственост на угледната издавачка куќа „Thomson Reuters“ и авторка на едно од стоте највлијателни правни дела „Creating Conflicts of Interest Procedures for Protecting You and Your Firm from Malpractice“ – Sandra Roberts зборува екслкузивно за прв пат во регионот за управување со правните ризици во делот на конфликт на интереси. Taa е извршен директор и основач на „Sandra Robertst Consulting“ и има повеќе од 30-годишно правно искуство, од кои 20 години работејќи како менаџер за ризик, успешно менаџирајќи го управувањето со ризиците за две големи правни фирми во Северна Калифорнија. Сандра има 7-годишно работно искуство во општинските судови во Калифорнија.

Оперативниот директор на ОNE Теlekom Slovenia Group, д-р Звонко Кремљак, ќе зборува за донесување одлуки во ризично опкружување, чуј дел докторски труд е цитиран во повеќе од 400 стручни трудови во светот.Звонко Кремљак има богато и разновидно работно искуство, а денес е член на Надзорниот одбор на операторот ONE, Telecom Slovenia Group и оперативен директор. д-р Кремљак е автор и ко-автор на повеќе стручни научно-истражувачки трудови, објавувани во реномирани стручни списанија и зборници.

Еминентниот италијански правник и директор на правниот сектор во италијанскиот енергетски гигант Edison Spa, Marco Lorefice, ќе зборува за успешната арбитражна постапка која ја промени светската пракса за одредување на цената на природниот гас. Maрко Лорефичи работи како постар адвокат во една од најстарите енергетски компании во Европа – италијанската Edison Spa и има речиси 25-годишно искуство во управувањето со комплексни правни прашања на големи претпријатија, покривајќи повеќе правни области: од комерцијални советувања до судски спорови. Неговото искуство, главно, е врзано со: водење преговори за меѓународни комплексни проекти, советување на комерцијални одделенија и изготвување модели на договори, управување со тимови во сложени меѓународни постапки, корпоративно управување, лобирање во институционални и регулаторни тела, итн.

Lондонскиот адвокат со импресивно искуство во делот на управување со правни ризици  Matthew Whalley од Berwin Leighton Paisner ќе зборува за петте столба на управување со правни ризици на системски начин. Почнал да работи во реномираната адвокатска фирма Berwin Leighton Paisner во 2011 година, а претходно бил одговорен за глобалниот ризик, известување и управување со проекти во глобална финансиска институција. Во Berwin Leighton Paisner е задолжен за правните ризици и групата за трансформација, помагајќи им на клиентите да ги идентификуваат и ублажат правните ризици, а известува и за вредностите пред нивните одбори и ги имплементира стратешките програми за транформација. Во Berwin Leighton Paisner работи како раководител за консалтинг за правни ризици.

Угледниот универзитетскиот професор д-р Димитар Гелев ќе говори за договорите за партнерство во Македонија. Докторска дисертација на тема „Берзи на хартии од вредност – правни аспекти“ одбранил на Правниот факултет во Скопје во 1995 година и се стекнал со звањето „доктор“ од областа на правните науки. Во звањето „доцент“ е избран во 1996 година на предметот „Право на друштвата“. Отогаш држи настава и по предметот „Право на хартии од вредност“.Учествувал во изготвување на значаен број законски проекти и објавил значаен број научни и стручни трудови.

Младата извонредна адвокатка Ирина Тричковска од бриселската канцеларија на White & Case ќе зборува за своето искуство во анти-моноплската пракса во Брисел.Ирина Тричковска има практично искуство во советување на клиенти за прашања поврзани со регулативата на Европската унија за конкуренција и државна помош, како и за регулаторното правно на Европската унија. Советувала голем број компании од различни индустрии, почнувајќи од енергетика, авијација, игри на среќа, финансиски и поштенски услуги, за различни правни прашања поврзани со нивните бизнис активности во рамките на Европската унија.

Најдобриот косовски корпоративен адвокат Dastid Pallaska ќе има презентација за клучните делови на договорите за купување на акции при преземање на акционерско друштво.Дастид е управувачки партнер во косовското Адвокатско друштво Паласка и Адвокати, чија што потесна специјалност е поврзана со банкарство и финансии, спојувања и превземања и финансирање на проекти. Со правно образование се стекнал на престижниот американски универзитет Yale, поточно на „Yale Law School“.

Aдвокатката чија што специјалност се меѓународните арбитражи и деловното право, Vanessa Alarcon Duvanel од женевската канцеларија на Winston & Strawn ќе има презентација за управување со ризиците во договорите за франшиза.Своето правно образование го стекнала на New York University School of Law, a титулата J.D. magna cum laude equivalent ја стекнала на University of Neuchâtel во 2001 година. Денес, Ванеса e адвокат во канцеларијата на Winston & Strawn во Женева, каде што работи во полето на меѓународни арбитражи, парнични спорови, деловно швајцарско и работно право.

Искусната американска адвокатка Celia R. Bernal ќе зборува за професионалните грешки во адвокатската практика, тема за која е една од најпознатите во САД. Оваа адвокатка завршила политички студии на California State University, по што се стекнала со титулата Juris Doctor на Monterey College of Law.  Нејзиното практично правно искуство изнесува 23 години, и е поврзано со искуство во сите фази на најразлични судски постапки (федерални и државни) во улога на адвокат. Има значително искуство во областа на професионална одговорност на адвокатот, вклучувајќи конфликти и етика. Советува клиенти од различни индустрии за различни правни прашања, проблеми и области. Во нејзината потесна стручност спаѓаат: административно право, советување, парнична постапка, лична повреда, однос со клиенти, изработка на правни акти, итн.

Почитувани пријатели и соработници,

Резервирајте го Вашето место и бидете дел од конференцијата која се вбројува во редот на најзначајните правни настани во региониот!

Академик најавува старт на т.н „Early bird“ кампања, обезбедувајќи -20% попуст за рана регистрација до 30.07.2014 година.

Повеќе информации за престојната конференција можете да добиете на телефон: 02/3232-821 или на e-mail: practicum@akademik.com.mk.

Заеднички и нестрпливо ја очекуваме конференцијата да започне!