/ Прочитано:

5.872

Од понеделник судовите со ново работно време, одлучи Судскиот совет

Судскиот совет на Република Македонија известува дека на денешната 263. седница е донесена Одлука за утврдување на работното време во судовите во Република Македонија.

„Вработените во судовите, и судиите и судската администрација, недвосмислено се изјаснија дека им е подобро да работат од 7:30 часот. Ние го почитувавме тоа и сега ќе видиме, ќе следиме како тоа ќе влијае врз ефективноста на работата на судовите“, вели претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

Новото работно време на судовите од 7:30 часот до 15:30 часот ќе почне да се применува од понеделник, 4 септември, според одлуката на Владата за промена на работното време кај администрацијата.

М.В