Одбележан јубилејот 15 години Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
Академијата за судии и јавни обвинители денеска организираше свечен настан по повод одбележувањето на јубилејот – 15 години од постоењето на Академијата. На денешниот настан поздравно обраќање имаше Наташа Габер – Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители. Габер – Дамјановска го истакна знаењето на Академијата за македонското правосудство, нагласувајќи ги заложбите на институцијата за современата едукација како една од клучните носители во позитивните промени во правосудниот систем.
Почесни обраќања на денешниот свечен настан имаа Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија; Бојан Маричиќ, министер за правда на Република Северна Македонија; Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија; Љубомир Јовески; јавен обвинител на Република Северна Македонија; Антонио Јолевски, претседател на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија и Селим Адеми, заменик претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија
На настанот се обратија и Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија; Сирил Баумгартнер, амбасадор на Франција во Северна Македонија;Кејт Мари Брнз, амбасадорка на САД во Северна Македонија; Анке Холштајн, амбасадорка на Германија во Северна Македонија; Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Моника Сандри, претставничка на УНХЦР во Северна Македонија.
На денешниот настан беше истакнато дека Академијата за судии и јавни обвинители е изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите.
Академијата за судии и јавни обвинители, беше нагласено на свечениот настан има клучна улога во процесот на подготовка и континуирано професионално усовршување на судско-обвинителските кадри.
Академијата за судии и јавни обвинители е институција со чие создавање, Македонија направи значаен чекор напред кон вградување во правосудство, на демократските принципи на владеење на правото и заштита на основните човекови права и слободи, вградени во бројните меѓународни документи за независно и ефикасно правосудство.
Цел на основање на Академијата е да обезбеди професионално, независно, непристрасно и ефикасно извршување на судиската и јавно- обвинителската функција, како и стручно и ефикасно извршување на работите на стручните служби во судството и јавното обвинителство.
М.В