/ Прочитано:

1.130

Одбележување на завршувањето на базичните обуки за новиот Закон за кривична постапка

Понеделник, 17 декември 2012 – Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители денеска ќе се одбележи завршувањето на базичните обуки за новиот Закон за кривична постапка.

Пред присутните на одбележувањето ќе говорат директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет и заменик амбасадорот на Амбасадата на САД во Република Македонија, Брајан С. Аглер. Најавено е присуство на претставници од правосудните институции во Република Македонија, како и на претставници на дипломатскиот кор во земјата.

Во рамки на настанот ќе бидат доделени и сертификати на едукаторите кои ги спроведоа базичните обуки за новиот Закон за кривична постапка.

Согласно најновите измени, примената на новиот Закон за кривичната постапка треба да стартува на 1 декември, 2013 година.