Одбиена жалбата на СЈО за неопределувањето на притвор за осомничен во „Трезор“
Со тоа, се потврдува решението на судија на претходна постапка со кое не беше прифатен предлогот на СЈО за определување мерка притвор против едно лице опфатено во предметот „Трезор“, бидејќи не се основани наводите во предлогот на СЈО, додаваат од Судот.
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на Специјалното јавно обвинителство против решение на судија на претходна постапка, денеска во присуство на странките, по барање на СЈО, одржал седница на која донел решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, велат од Кривичниот суд.
Со тоа, се потврдува решението на судија на претходна постапка со кое не беше прифатен предлогот на СЈО за определување мерка притвор против едно лице опфатено во предметот „Трезор“, бидејќи не се основани наводите во предлогот на СЈО, додаваат од Судот.
Воедно до Кривичниот суд од страна на Апелациониот суд денеска било доставено решение со кое второстепениот суд ја одбил жалбата на СЈО поднесена против решението на претседателот на Кривичниот суд, со која не беше прифатено барањето на СЈО за изземање на судијката Лидија Петровска надлежна да постапува по обвинителниот предлог на СЈО, против 7 лица за кривичното дело фалсификување службена исправа.
„Апелациониот суд ги ценел наводите во жалбата на СЈО, но ги одбил како неосновани и утврдил дека претседателот на првостепениот суд правилно постапил кога согласно одредбите од член 33 ст. 2 од ЗКП, со образложено решение, го одбил барањето за изземање на судијата бидејќи не постојат околностите кои предизвикуваат сомнение за непристрасност на судијата за кој се бара изземање“, велат Судот.