Одбиено барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна во предметот „Труст“

 

„Ја информираме јавноста дека судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како ‘Труст’, по добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истaтa, на 19.7.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано.

Решението е веќе доставено до странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет, а по правосилноста на решението осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна“, се вели во соопштението на Судот, во врска со второто барање на Сеад Кочан за одложување на затворската казна.

Кривичен суд: Молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата во предметот „Труст“ е одбиена

Кривичниот суд: Упатен акт за еден од обвинетите во предметот „Труст“

Делумно уважени жалбите во делот на казните за обвинетите во предметот „Труст“

М.В