/ Прочитано:

1.694

ОДГОВОР НА СЈО ЗА ЗАКАНИТЕ ШТО ГИ ДОБИВААТ: Правдата ќе го стигне секој кој се огрешил пред законот

„Правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил пред законот. Тоа е наша цврста верба и определба. Ве уверувам дека пред ова обвинителство, како и пред законите, сите граѓани на Република Македонија се еднакви. Формирани со таа цел, ветуваме дека несебично ќе се бориме за правда, не штедејќи се и самите себе затоа што цврсто веруваме дека правдата е врвен интерес на Република Македонија, а не неказнивоста“, рече Фетаи во нејзината порака.

katica janeva so timot02 (1)

Тимот на Специјалното јавно обвинителство упати јавна порака до сите кои, како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, нечесно ја подриваат работата на Обвинителството и кои на различни начини му се закануваат на СЈО, на нивните семејства и на нивните пријатели. Тоа се лица на кои правдата не им е од интерес и кои на нечесен и кукавички начин се обидуваат да се спасат од неа, рече Фетаи.

„Правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил пред законот. Тоа е наша цврста верба и определба. Ве уверувам дека пред ова обвинителство, како и пред законите, сите граѓани на Република Македонија се еднакви. Формирани со таа цел, ветуваме дека несебично ќе се бориме за правда, не штедејќи се и самите себе затоа што цврсто веруваме дека правдата е врвен интерес на Република Македонија, а не неказнивоста“, рече Фетаи во нејзината порака.

Обвинителката Ленче Ристоска не сакаше јавно да коментира од каков вид се заканите со кои се соочува тимот на Специјалното јавно обвинителство и повтори дека тие ќе продолжат да работат независно од тоа што се случува околу нив и независно од сите притисоци.

М.С.