Одлични впечатоци од обуката на Академик, посветена на Законот за постапување со бесправно изградени објекти
Пред голем број учесници и во динамична и интерактивна атмосфера, Академик одржа обука за примената на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Интересот за обуката беше огромен, а поради целосното пополнување на бројот на учесници, Академик на 5 март 2019 година (вторник) повторно ќе одржи обука за истата тема.
„Обуките во организација на Академик се одлични. Предавањата се многу корисни, а предавачите се големи професионалци. Таков е примерот и со оваа обука. Предавачот Мартин Оџаклиески, како државен советник за управно-надзорни работи при Министерството за транспорт и врски, на јасен и непосреден начин ја образложи темата за примената на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. На обуката се дискутираше за многу отворени прашања кои произлегуваат од реални ситуации од практиката. Се говореше за сите дилеми во врска со примената на законот“, коментираат учесниците на обуката.
Тие додаваат дека практичната обука понудила конкретни насоки за спроведување успешна постапка за утврдување на правен статус на бесправен објект, како и за постапување во специфични случаи на бесправни објекти изградени во одредени заштитени подрачја.
„Ова беше темелна обука и содржински богата, во рамките на која комплетно бевме запознаени со целата законска постапка, но и со законските измени во дадени делови. Обуката беше проследена со корисна дискусија и со размена на искуства. Сè на сè впечатоците од обуката се одлични“, потенцираат учесниците.
„Прв пат сум присутна на обука во вашите простории и пријатно сум изненадена од целокупната организација“, нагласува Стефани Вугарин-Ајдини од Општина Бутел.
Катерина Атанасовска од Општина Аеродром, исто така, нагласува дека обуката била одлична. Зоран Ѓоргиев од Општина Конче и Маја Коловска од Општина Сопиште додаваат дека целта на обуката била исполнета.
„Предавачот беше одлично подготвен и одлично го пренесе своето знаење. Организацијата на обуката исто така беше одлична“, истакнуваат Петре Илијоски и Александар Димовски од Општина Сопиште.