/ Прочитано:

1.723

Одлични впечатоци од обуката на Академик за договорите за ангажирање лица 

Академик одржa обука на тема „Договори за ангажирање лица“ за примена на одредбите од Законот за работните односи, Законот за практикантство, Законот за облигационите односи, Законот за волонтерство, Законот за трансформација во редовен работен однос.

Предавачи на обуката беа Мирјанка Алексевска, раководител на Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување во Министерството за труд и социјална политика, и Маја Папатолевска, соработник во Секторот.

Предавачките детално се осврнаа на спецификите во примената на Законот за практикантство, како и на прашањата во врска со договорот за вработување наспроти другите договори за ангажирање лица и на откажувањето на договорот за вработување.

Во таа насока, на обуката беа опфатени сите облигаторни елементи од трудовото работење. Обуката беше заокружена со плодна дискусија и размена на мислења, а учесниците добија одговори на сите дилеми со кои се соочуваат во практичното работење.

„Предавачките имаа јасни и корисни предавања. Ангажирањето лица во процесот на работа од страна на работодавачот е регулирано со повеќе законски прописи од областа на трудовото право и претставува прашање за кое е неопходна практична едукација. Задоволни сме од начинот на кој предавачките го пренесоа своето знаење, а многу сме задоволни и од организацијата на обуката“, коментираат учесниците. 

„Сметаме дека обуката беше корисна за проширување на знаењата на учесниците, за размена на искуства и за разјаснување на дилемите. Предавачките беа отворени за дискусија и за појаснување на одредени прашања“, додаваат тие.

„Интересни теми имаше на обуката. Предавачките беа одлично подготвени и одлично ги образложија темите“, Марија Надеска од Државен испитен центар.

„Одлично подготвени предавачки и одлична организација“, Христина Алексоска-Илиќ од „ИТС софтвер центар“.

„Ова беше советување со продуктивни дискусии, а такви советувања посветени на теми за кои и двете страни, и учесниците и предавачите, добиваат информации од праксата се секогаш добредојдени“, Томида Караиванова-Алаѓозовска од „ТАВ“ Македонија.

„Добро спроведена обука, која ќе помогне многу во практичната работа“, Зоран Здравески од Општина Долнени.

„Предавачките беа одлично подготвени. Одлична беше и организацијата на обуката“, Катерина Ризова-Ристов од ВВ „Тиквеш“ АД Кавадарци и Мушареф Касими од „Нобел иљач“.