Одлични впечатоци од обуката на Академик за практичната примена на Законот за градење
Академик одржа обука за практична примена на Законот за градење, на која предавач беше Мартин Оџаклиески – државен советник за управно-надзорни работи при Министерството за транспорт и врски.
На обуката пред големиот број учесници детално се говореше за постапката за добивање одобрение за градење, за правата и обврските на учесниците во изградбата на објектите, за соинвеститорството, за причините за прекин на изградбата, како и за правните ризици и последиците од прекинот.
Во тој контекст, се дадоа конкретни насоки за дефинирање на правната положба на учесниците во изградбата во различни правни ситуации, како и конкретни насоки за спроведување на успешна постапка за одобрение за градење.
„На обуката имаше одлично предавање и плодна дискусија со примери од практиката“, истакнуваат учениците на обуката.
„Обуката за практична примена на Законот за градење ни беше многу потребна. Примената на Законот е дел од нашата редовна работа, во текот на која се соочуваме со најразлични ситуации за кои беа дадени бројни одговори и насоки за примена на законското решение. Сè што не ни беше јасно се образложи на обуката, особено во поглед на постапката“.
„Обуката беше многу корисна“.
„Со оваа обука беа разјаснети разни ситуации со кои се среќаваме во текот на работата“.
„Задоволен сум од презентацијата на Мартин Оџаклиевски. Прв пат сум присутен на негово предавање и би сакал да дојдам повторно“.
„Секогаш кога доаѓам на предавањата на Мартин Оџаклиевски се надополнувам со ново искуство и знаење во полето за кое се говори на обуката“.
„Добро избрани теми од Законот за градење“.
„Предавачот беше одлично подготвен и одлично го пренесе своето знаење“.
„Одлична организација и одличен предавач“.