/ Прочитано:

1.055

Одлични впечатоци од обуката во организација на Академик посветена на канцелариското и архивското работење

Академик одржа обука посветена на канцелариското и архивското работење со наслов „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“.

Предавачи на обуката беа виши управни инспектори од Државниот управен инспекторат, кои поединечно ја обработија секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење, со посебен фокус на правната рамка за канцелариско и архивско работење, водењето деловодник и книги за евиденција, како и со посебен осврт на е-архивата и е-деловодникот и постапувањето со архивски и документарен материјал.

„Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Затоа обуките посветени на оваа тема треба да се императив за практичната едукација на правните субјекти. Обуката беше сеопфатна и дознавме сè што треба да знаеме за канцелариското и за архивското работење“, нагласија учесниците на обуката.

Учесниците додаваат дека обуката била многу квалитетна и интерактивна и дека најголем впечаток им оставиле одличните предавања и одличната организација.

Тие истакнуваат дека и во иднина сакаат да бидат дел од обуките на Академик затоа што, како што потенцираат, ваквите едукативни настани се голем придонес за практичната едукација на вработените во јавниот и во приватниот сектор.

„Предавањата беа одлични, а предавачите разјаснија многу работи за кои имавме дилеми во тековното работење. На обуката беа опфатени сите законски и подзаконски регулативи за канцелариското и архивското работење“, вели Јулијана Ристова од Општина Демир Капија.

„Обуката беше одлична. Тимот беше одлично подготвен и разјасни многу дилеми кои се наметнуваат во практиката“, вели Елена Младеновска од Општина Петровец.

„Обуката беше задоволителна. Би сакала што почесто да има вакви обуки и да бидеме информирани за секоја следна обука“, вели Весна Зимовска од Општина Кавадарци.

„Обуката беше одлична. Би сакала и понатаму да бидам известувана за термините за обуки за различни теми за различни закони бидејќи работам во општина, а општините во своето работење се раководат од повеќе законски решенија од повеќе области“, вели Кристина Чејкова од Општина Кавадарци.

„Целта на обуката беше исполнета затоа што имаше одлични предавања и одлична организација“, истакнуваат Дашурије Незири и Фетије Зибери од СОМУ „Гостивар“.

„Предавачите беа добро подготвени и одлично го пренесоа своето знаење. Организацијата на обуката, исто така, беше одлична“, нагласуваат Елена Златева од Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Катарина Николовска од ЗК „Пелагонија“ АД Битола.