/ Прочитано:

423

Одложено првото рочиште за случајот ,,Софтвери“

Почетокот на судењето за случајот „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други лица беше одложено денеска поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска.

Во случајот, покрај Рашковски и Силјановска, се обвинети и Ивица Димитровски, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Христов и Игор Ивановски.

Судскиот процес го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Следното рочиште е закажено за 24 февруари.

Обвинителен акт против седум лица за злоупотреба на службената положба и овластување

Кривичниот суд во врска со мерките за обезбедување во предметот за „Нелегална набавка на софтвер“

ЈО за истрагата за набавката на софтверот и претресот на Правниот факултет

Соопштение на Кривичниот суд за определениот притвор за Рашковски

ЈО: Отворена постапка по допрен глас за спорниот тендер за радарски систем

Антикорупциската комисија отвори повеќе предмети и бара Обвинителството да отвори постапка за дивоградбите на Матка

Рашковски: Не сум учествувал во незаконски дејствија